Економија, финансии, бизнис

Контакт

Позитивен финансиски резултат на ТТК Банка во првото полугодие

Позитивен финансиски резултат на ТТК Банка во првото полугодие
Во текот на првото полугодие од 2013 година ТТК Банка АД Скопје делуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи и заклучно со 30.06.2013 година оствари позитивен финансиски резултат кој изнесува 34.534 илјади денари. Резултатот е речиси двојно повисок во однос на остварениот финансиски резултат во истиот период минатата година. Остварената добивка пред исправка на вредност, која е показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 30,9% повисока во однос на истиот период минатата година. Остварените нето приходи од камати бележат зголемување од 21,5% во однос на истиот период минатата година, како резултат пред се, на намалувањето на каматните расходи, но и од зголемените каматните приходи. Нето приходите од провизии и надоместоци, во првото полугодие од 2013 година, во однос на истиот период минатата година бележат зголемување од 2,6%.
Слично

Поврзани вести