Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожар во Ново Лисиче, изгоре подрумот во станбена зграда

Пожар во Ново Лисиче, изгоре подрумот во станбена зграда
Повеќе подрумски простории изгореа во зградата број 5  на булевар „Видое Смилевски Бато“ во скопската населба Ново Лисиче. Пожарот избувнал нешто по пладне. Го гаснеа повеќе пожарникари со три возила, а  полициските екипи го обезбедуваа просторот за увид. Жителите на зградата и станарите денеска беа во паника. велат пожарот избувнал во подрумот и почнал да се шири нагоре. Надлежните засега не информираат што е причината за пламнување на огнот, но се претпоставува дека е човечки фактор. Нема повредени и жртви.
Слично

Поврзани вести