Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожар на Бит пазар – изгореа шест дуќани

Пожар на Бит пазар – изгореа шест дуќани
Шест дуќани изгореа во пожарот што избувна на скопски Бит пазар, ноќеска пет минути по полноќ. Во пожарот нема повредени.
Командантот на Бригадата за Противпожарна заштита на Град Скопје, Благоја Менковски  потврди дека пожарот е комплетно изгаснат и оти не е дозволено негово проширување.
Во гаснењето учествувале 14 противпожарни возила со 35 пожарникари.
Причините сè уште не се познати, но истражните власти велат дека наскоро ќе се открие причината, а во текот на денот ќе бидат познати деталите за пожарот.
Слично

Поврзани вести