Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожар проголта дел од хотелот Бренд во Охрид

Пожар проголта дел од хотелот Бренд во Охрид
Материјална штета која првично се проценува на околу 200.000 евра предизвика пожарот кој синоќа по 2 часот избувна во хотелот „Бренд“ во Охрид. Хотелот е лоциран на охридското крајбрежје, околу 10 километри оддалечен од Охрид, а по интервенцијата на охридската противпожарна служба огнот е локализиран  околу 4 часот по полнок. Како што јавија локалните портали пламенот го зафатиле приземниот дел на хотелот, изгорела рецепцијата,шанкот и канцелариите. Повредени нема, а неколкумината гости кои престојувале во хотелот навреме биле евакуирани. Хотелот бил осигуран, а осега се проценува штетата. Се уште не се познати ни причините за пожарот , дали станува збор за човечки фактор или неисправна електрична инсталација.
Слично

Поврзани вести