Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повторно неделен „Фокус“!

Повторно неделен „Фокус“!
На 12.07.2013 година, неделникот „Фокус“ ќе продолжи да излегува од печат по тримесечна пауза. Во „Фокус“ продолжува да работи добро познатата новинарска екипа, предводена од главниот и одговорен уредник Јадранка Костова. Како што соопштува редакцијата, ќе  биде задржана истата уредувачка политика по која Фокус е препознатлив. „Ќе се обидеме да ја продолжиме мисијата на Никола Младенов, „на креирање општество на слободни луѓе, а не збирштина од безрбетници“, се вели во соопштението од редакцијата. “Читајте „Фокус“, за нештата да станат појасни“, стои во соопштението испратено од екипата што повторно ќе го крене препознатливиот неделник.    
Слично

Поврзани вести