Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поволен кредит од 100 милиони евра за приватните компании

Поволен кредит од 100 милиони евра за приватните компании
За  зголемување на ликвидноста, извозот и отворање нови работни места во приватниот сектор,  Владата ќе обезбеди уште 100 милиони евра преку Европската инвестициска банка, а кои наскоро ќе бидат достапни на компаниите. Ова е четврта кредитна линија која ја прифати собраниската Комисија за финансирање и буџет. Овие средства ќе се пласираат до крајните корисници преку деловните банки услови. Каматната стапка е 5,5 проценти, со рок на отплата од осум години за основни средства и грејс период од две години. За  обртни средства рокот на отплата е три години и шест месеци грејс период. За крит минималниот износ е 10.000 евра, а максималниот 4,75 милиони евра.
Слично

Поврзани вести