Повисока откупна цена за зелката бараат земјоделците
Земјоделците од струмичкиот регион се разочарани од ниските откупни цени на пролетната зелка.
Цента се движи околу 10 денари по килограм, за што производителите велат дека е малку. Тие ги обвинија Министерството за земјоделство и пратениците од нивниот регион дека не се интересираат за нивните проблеми. Земјоделците го блокираа патот од Струмица кон македонско-бугарската граница и ги образложија своите барања.
„Од Владата и Министерството за земјоделство неминовно најбрз интервентен откуп на зелката. Исто така, второ барање бараме до крајот на месец април цената на зелката да не падне под 20 денари. Трето барање целокупното произвдство што беше откупено по 10 денари досега Владата да изнајде начин да го субвенционира, т.е да ја субвенционира разликата на цената од откупната цена до 20 денари“- изјави Ристо Велков, претседател на Сојуз на синдикат на земјоделци, Струмица.
Ако не бидат прифатени барањата, земјоделците се закануваат со интензивирање на блокадите.
