Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе улици во Скопје ќе останат без вода за пиење

Повеќе улици во Скопје ќе останат без вода за пиење

Од Јавното претпријатие Водовод и канализација Скопје информираат дека повеќе улици денес ќе останат без вода за пиење.

„Ве известуваме дека денес поради дефект на приклучна цевка Ф1“на улица Леринска 57 со прекинато водоснабдување ке бидат корисниците од улица Леринска и Германската Амбасада од 09:30 часот до завршување на дефектот.  Исто така, поради дефект на приклучна цевка Ф1, на улица Гемиџиска 10 со прекинато водоснабдување ке бидат дел од корисниците од улица Гемиџиска  од 09:30 часот до завршување на дефектот“, пишува во соопштението.

Од Водовод Скопје, известуваат дека и во Волково  поради  уличен дефект Ф250мм.на ул.100 бр.78 со прекинато водоснабдување ке бидат корисниците од с.Волково од 10:30 часот до завршување на дефектот.

Слично

Поврзани вести