Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе скопски села утре без струја

Повеќе скопски села утре без струја
Според Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, утре ќе останат без електрична енергија неколку скопски села, но и делови од општина Карпош. Во известувањето РЦУК информира дека во периодот од 9 до 15 часот струја ќе немаат дел од потрошувачите од улицата „Исаија Маџовски“ и село Кучково. Од 8.30 до 15 часот струја ќе нема и улицата „Никола Парапунов“ зграда бр. 33, делот во Карпош зад бензинска пумпа на „Макпетрол“ и дел од ул. „1409“, додека половина час подоцна или  9 до 15 часот ќе има прекин и за потрошувачите  на село Копаница. Од 9 до 11 часот без струја ќе бидат и селата Сопиште Варвара,Маркова Сушица,Добри Дол, Ракотин. Според најавата, од 8.30 до 16 часот струја ќе нема и дел од селото Студеничани. Во сите случаи се работи за инвестициски зафати од ЕВН за подобрување на квалитетот во снабдувањето со струја.
Слично

Поврзани вести