Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе скопски села и дел од Ѓорче утре без струја

Повеќе скопски села и дел од Ѓорче утре без струја
Без струја утре ќе останат повеќе скопски села, јави РЦУК на градСкопје. Според соопштението, од 9 до 12 часот струја ќе нема во селата Катлановско Блаце, Бадар и Тотинци. Во периодот од 9 до 15 часот, прекин ќе има и во селата Паничари, Ласкарци, Раовиќ, Арнакија, Семениште и Буковиќ, во општина Сарај. Истовремено, струја ќе нема на дел од улиците Шидска и Македонска Војска, во општина Ѓорче Петров. Според известувањето, прекините се прават поради подобрување на мрежата и дистрибуцијата на електрична енергија.
Слично

Поврзани вести