Повеќе скопски села и центарот на градот утре ќе останат без струја
Повеќе населби во Скопје утре ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија, јави Регионалниот цента за управување со кризи.
Во периодот од 9 до 14 часот струја ќе нема во дел селата Мирковци, Чардак, Бразда, Голиево и Оризари, од 10 до 14 часот и дел од Стопански Двор. Потоа од 10 до 14 часот струја ќе нема во дел од Волково, а од 9 до 15.30 часот и во селото Копаница.
Од 9.30 до 15.30 часот струја ќе нема на дел од улиците Виетнамска и Гарсија Лорка;од 8 до 16.30 часот и во Студеничани, додека од 8 до 9.30 часот струја ќе нема на булеварот Митрополит Теодосие Гологанов.
Слично
