Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе од 3 илјади потписи на петицијата против екстерното тестирање

Повеќе од 3 илјади потписи на петицијата против екстерното тестирање
Повеќе од три илјади потписи се собрани во првите два дена од потпишувањето на петицијата на Младински образовен форум, со која се побара екстерното тестирање годинава поради бројните проблеми да да се прогласи за пилот тестирање, а оценкитеод него да не влегуваат во свидетелство. Петицијата се потпишува на фреквентни локации во 16 градови во Македонија: Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Битола, Велес, Куманово, Кратово, Делчево, Гевгелија, Неготино и Штип. Потпишувањето на петицијата ќе трае десет дена , информираат од МОФ од каде посочуваат дека екстерното тестирање годинава беше проследено со низа нерегуларности како  паѓањата на компутерскиот систем, пробиени тестови кои се ширеа преку социјалните медиуми, тестовите кои содржат прашања од материјал кој не е предаден, прашања без точен одговор и масовна појава на слаби оценки кај цели генерации по одредени предмети. Од Министерството за образование и наука засега остануваат на ставот дека екстерните тестови се успешни и оценките ќе влезат во свидетелствата.
Слично

Поврзани вести