Повеќе средства во ИПАРД фондовите за Македонија; Ќе има ли кој да ги користи?
Од 400 илјади евра на 1,5 милиони за земјоделците и од 800 илјади евра на 2,3 милиони за земјоделските стопанства е зголемен прагот на апсорбирање средства од ИПАРД-програмата. Според заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, ваквото решение ќе важи од 2013-та, а по претходно барање на Македонија е разгледано и прифатено од Европската комисија.
„Можноста за поголемо и поефикасно искористување на ЕУ-средствата е отворена во месната и винската индустрија, како и во делот на обезбедувањето трактори и останата земјоделска механизација“, вели Коњановски.
Како што покажув официјалната статистика од февруари 2008 година досега, објавени се вкупно седум ИПАРД-огласи. Барање поднесле 536 апликанти, а се одобрени 167 проекти во вкупна вредност од 15,4 милиони евра од кои 7,6 милиони кофинансирала ЕУ.
Слично
