Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повардарие им соопшти на лозарите да почекаат неколку дена за откупот

Повардарие им соопшти на лозарите да почекаат неколку дена за откупот

Винарската визба Повардарие од Неготино соопшти дека привремено го прекинува откупот на грозје бидејќи нивните преработувачки капацитети се полни и им порачуваат на лозарите да почекаат неколку дена со цел да не се создаваат непотребни редици.

- Тоа не значи дека нема да биде примено грозјето кое во моментов чека да биде примено. Се работи за околу1,5 милион килограми кое се наоѓа во долгата редица трактори пред винаријата. Бидејќи нашите капацитети за преработка се ограничени, мораме да го примиме и преработиме веќе собраниот род. Препорачуваме да не се берат дополнителни количини за да нема непотребни гужви и долги редици со трактори, рекоа од Повардарие.

Прекинот на откупот се однесува на сите откупни пунктови. Повардарие нагласи дека е меѓу ретките визби, можеби и единствена која се уште откупува грозје.

По времениот застој од три дена, откупот ќе продолжи.

Слично

Поврзани вести