Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поучни цитати од милијардери кои сами стекнале огромно богатство

Поучни цитати од милијардери кои сами стекнале огромно богатство

Постои разлика меѓу тоа да наследиш огромно богатство од своите родители и да го стекнеш сам. Луѓето од втората категорија се соочуваат со многу тешкотии на патот до него, но успеале да ги надминат.

И затоа треба да ги знаеме и следиме нивните зборови. Инспирирајте се со овие цитати на некои од најпознатите милијардери.

-Марк Цукерберг, основачот на Facebook: „Целта никогаш не била само да создадам компанија. Сакам да направам навистина голема промена во светот.“

-Ворен Бафет, извршен директор на Berkshire Hathaway: „Ќе ви кажам како да се збогатите. Бидете претпазливи кога другите се алчни. Бидете алчни кога другите се претпазливи“.

-Еван Шпигел, творец на Snapchat: „Не сакав да го продадам бизнисот. Многу малку луѓе имаат можност да создадат нешто. Само да го продадам за мене не е интересно.“

-Опра Винфри: „Причината да бидам толку финансиски успешна е дека фокусот никогаш, дури ни за една минута не хо ставав на парите.

-Џеф Безос, шеф на Amazon: „Мислам дека штедливоста ги стимулира иновациите. За да излезеш од тесна кутија, треба да си пронајдеш излез.“

-Џек Ма, шеф на Alibaba Group: "Да правиш пари е лесно. Но да стекнеш одржливо богатство и во исто време да си одговорен пред јавноста и да се обидеш да го подобри светот - тоа е веќе тешко. "

-Мајкл Дел, извршен директор на Dell: „Треба да си составите стратегија пред да градите структура на бизнис. Ако го плеткаш редоследот, ќе пропадне.“

Слично

Поврзани вести