Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТВРДЕНО: Салмонела е причина за труењето во Драчево

ПОТВРДЕНО: Салмонела е причина за труењето во Драчево
Бактеријата салмонела е причина за труењето со храна на 40-тина лица од Драчево, потврдија здравствените власти. Вкупно 39 пациенти побараа помош на Клиниката за инфективни болести во изминатите денови откако јаделе сендвичи со плескавица, стек или тост од иста сендвичарница, а во сите сендвичи имало мајонез. Од заболените, 12 лица се хоспитализирани на возраст од 4 до 30 години, меѓу кои и една 29-годишна трудница. Состојбата на сите инфицирани ќе се следи и во следните неколку месеци за да се спречи натамошно ширење на бактеријата. „Салмонела не се јавува само во месо и месни преработки туку и во правење на слатки, мајонези и кечап и не би требало да се јадат таквите продукти непроверени, нечувани на соодветна температура, посебно не од некои објекти за продажба на прехранбени продукти кои со ништо не наликуваат на објект во кој би требало да се продава храна“, предупреди проф. д-р Снежана Стојковска од Инфективната клиника. Сендвичарницата од која јаделе сите заболени е затворена од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Ова е трет пат овој објект да биде ставен под клуч затоа што предизвикал труење со храна меѓу жителите на Драчево.
Слично

Поврзани вести