Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поттикнете ја љубопитноста и креативноста кај вашето дете - Онлајн курсеви во Скампер

Поттикнете ја љубопитноста и креативноста кај вашето дете - Онлајн курсеви во Скампер

Едукативниот центар Скампер започна со уписи на деца за новата школска година, во мали групи и со индивидуален пристап. Оваа година, покрај курсеви за развој на креативноста, новина е можноста за дополнителна настава со онлајн менторски часови за децата од прво и второ одделение. Исполнете го времето на вашето дете со креативни активности и поттикнете ја неговата љубопитност и креативно изразување. Изберете ја програмата која сметате дека е најсоодветна за него:

  • Скампер сениори курсеви за креативност - програма за деца од 5 до 8 години, со часови три пати неделно (понеделник, среда и петок) по 120 минути која почнува на 10ти септември. Целта на оваа програма е негување на љубовта кон креативното изразување и уметноста кои играат многу важна улога во развојот на децата.
  • Скампер сениори менторски часови за прво и второ одделение - програма за деца од 6 до 7 години, кои тргнуваат во прво и второ одделение. Оваа програма ќе започне на 1ви октомври и ќе го следи текот на училишната година. Со секојдневни часови од 120 минути во попладневните часови, ќе обезбедиме совладување на материјалот доколку настанале потешкотии или нејаснотии во процесот на формалната онлајн настава.
  • Скампер јуниори - програма за деца од предучилишна возраст со комбинирана настава на физичко присуство два пати во неделата и онлајн часови по 60 минути која почнува на 10ти септември.

Капацитетот на групите е ограничен, со цел да се обезбеди квалитетно одвивање на наставата и индивидуален пристап при работа, групите се со максимален број од пет деца.
Повеќе информации можете да побарате наinfo@scamperedu.mk, на социјалните мрежи, на контакт формата на веб-страницата на Скампер - scamperedu.mk или пак на телефонскиот број 075204501 и да поразговарате со некој од нашите едукатори. 


Слично

Поврзани вести