Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потсетување од УЈП: Од 1-ви јануари ДДВ ќе се пријавува по електронски пат

Потсетување од УЈП: Од 1-ви јануари ДДВ ќе се пријавува по електронски пат
Сите месечни ДДВ обврзници, почнувајќи од 1 јануари следната година, имаат законска обврска ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка да ги поднесуваат до Управата за јавни приходи по електронски пат преку системот е-даноци.

Заради навремено усогласување со новите законски обврски, обврзниците задолжително треба да се регистрираат на новиот систем на https://etax-fl.ujp.gov.mk/, најдоцна до крајот на месецов, а во спротивно нема да можат да ги користат електронските услуги на УЈП и навремено да пријават данок, стои во соопшението на УЈП.

Покрај познатите предуслуви (интернет и е-пошта), задолжителен предуслов за да може да се користат услугите од е-даноци од 1 јануари 2013 година е да се поседува дигитален сертификат на USB токен издаден од овластена куќа (Македонски Телеком или КИБС).  
Слично

Поврзани вести