Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТРЕСНА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА НА УМЕТНИЦАТА РОЗА МОЈСОВСКА

ПОТРЕСНА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА НА УМЕТНИЦАТА РОЗА МОЈСОВСКА

На седум годишна возраст, рацете ми беа оперирани и не можев ништо да правам. А беше Денот на жената, осми март. Тогаш сите деца цртаа честитки за празникот, а јас не можев. Со мојата желба и јас да направам нешто, ја зедов боицата во уста и нацртав цвет. Тогаш сите се воодушевија кога го видоа мојот цртеж

Храброста, борбеноста и позитивниот дух се нејзината најсилна страна, а најголем адут и е реткиот талент, да црта со уста. Роза Мојсовска, иако е родена со телесен инвалидитет, стана познат ликовен уметник и поетеса, со учество на многу меѓународни изложби и со пет издадени книги.

„Родена сум во Скопје, три години по земјотресот, со телесен хендикеп. Кога лекарите виделе дека сум родена со телесен хендикеп, тие на моите родители им препорачале да ме однесат во Белград, бидејќи болницата во Скопје не беше средена по земјотресот во 1963 година. Моите го послушаа советот на лекарите и ме однесоа во Белград. Тогаш сум била шестмесечно бебе“, ја започна својата лична приказна Роза која може да ја прочитате на Женски магазин тука.

Слично

Поврзани вести