ПОСТОИ, КАКО НЕ ПОСТОИ: Следете го во живо Дедо Мраз-тој веќе патува низ светот!
Гугл веќе неколку години го следи Дедо Мраз на патот околу светот, но НОРАД, организацијата која со сателити го чува американското небо, тоа го прави со децении.
Кај оние што Божиќ уште не пристигнал, со помош на модерните технологии ќе може да го следат Дедо Мраз во реално бреме и да видат каде се наоѓа во моментов за да знаат уште колку треба да чекаат.
Дедо Мраз може да го следите на телефони, таблети или компјутер. На 3Д картата на на светот на НОРАД ќе може да го посетите и Северниот пол, но и да заиграте низа игри додека гледате каде е Дедо Мраз или да погледнете снимки од него.
Слично
