Економија, финансии, бизнис

Контакт

После половина век, Американците повторно ќе пушат кубански пури!

После половина век, Американците повторно ќе пушат кубански пури!

Педесет годишната забрана на увозот на кубански цигари во САД од денеска престанува да важи што значи дека наскоро и Американците ќе може да уживаат во поппуларните „кубанки“.

Како што пипува Telegraph, љубителите на кубански цигари најмногу можат да му се заблагодарат на Барак Обама чија нова политика на смирување на односите со Куба и практично почнува да стапува на сила.

Освен кубанските цигари, новата политика на Обама на многумина Американци ќе им овозможи патување во 144 километри оддалечената Куба без посебни документи, а освен тоа за прв пат таму ќе може да ги користат своите кредитни картички.

Уште со многу други поволности, уште една додатна поволност на подобрени кубанско-американски односи кои Обама пред неколку недели ги најави е дозвола на американските телекомуникациски компании да соработуваат со Куба како интернет комуникацијата би се издигнала на многу повисоко ниво.

Да потсетиме, американскиот претседател Обама и кубанскиот водач Раул Кастро на 17 Декември најваија нова ера на дотогаш „затегнатите“ соседски односи, но според најновите покажатели, освен цигарите, Американците наскоро ќе ги видиме во Куба и како туристи.

Слично

Поврзани вести