Економија, финансии, бизнис

Контакт

После оваа книга ќе се замислите пред да објавите било што за вас на Интернет

После оваа книга ќе се замислите пред да објавите било што за вас на Интернет

Книгата „Darknet“ не води далбоко во дигиталното подземје и ни нуди исклучителен увид во интернетот каков што не го познаваме. Џејми Бартлет, автор на книгата, преминува од другата страна на екранот и од дигиталниот мрак ги извлекува хакерите, дилерите со дрога, тролови, кам-девојки, политички екстремисти и им дава човечко лице на оние кои имаат многу причини да бидат анонимни.

„Darknet“ е просветлувачко и живописно истражување на интернетот и неговите најиновативни и најбизарни супкултури. Она што се простира од популарни социјални мрежи и тајни групи на Фејсбук до криптирани делови на мрежата Тор и најзафрлените одаи на „Диип Веб“ (Deep Weba). Тоа е свет кој често се споменува во медиумските извештаи, но сепак е недоволно познат. Светот речиси е неистражен и за нас толку близок отколку што мислиме. Светот на биткоини и „Силк роуди“, терористи и порнографија. 

Тоа е „Darknet“.

„Darknet“ е дел од интернет на кој се сместени сајтови за нарачување на убиства, трговија со дрога, хакери ... Во книгата сигурно ќе откриете и што се се крие зад нашата секојдневна употреба на интернет. Ќе се замислите пред да објавите било што за себе на интернет. Ако веќе планирате да патувате низ дигиталното подземје, бидете известени и внимателни: во таа смисла книгата „Darknet“  е идеален водич.

Авторот Џејми Бартлет е новинар, тех-блогер и директор на Центар за анализа на социјални медиуми во организација на Демос. Своите студии ги објавува во светските Телеграф, Гардијан, Сандеј Тајмс и многу други весници и блогови. Пишува за онлајн екстремизмот,  темната страна на интернетот, крипотвалути, слобода на говор, употреба на социјални медиуми во политички цели, технологии за надгледување на интернет, вештачка интелигенција ...Живее во Лондон.

Слично

Поврзани вести