Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поскапува Еуросупер БС-98

Поскапува Еуросупер БС-98
Бензинот Еуросупер БС-98 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, а цената на Еуросупер БС-95 и Еуродизелот останува непроменета, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката новата цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 78,50 денари за литар. Со одлуката намалување има кај Екстра лесното масло за домаќинства за половина денар. Новата цена ќе изнесува 57 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,346 и ќе изнесува 39,8 денари за килограм. Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 105,8 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот изнесува 45,6 денари за долар.
Слично

Поврзани вести