Посетителите на ТЦ Зебра добија подарок книга од Тинекс
Вчера посетителите на Т.Ц Зебра, беа дел од големата акција “подарок книга’’ која Тинекс ја организираше за своите верни потрошувачи.
Во рамките на кампањата „Читај повеќе – Читај секаде“, писателите Димитар Мирчев, Стефан Влахов Мицов, Велко Неделковски, Раде Силјан, Паскал Гилевски, Иван Чаповски, а заедно со нив и познатиот македонски продуцент и пејач Александар Митевски, имаа средба со посетителите на Т.Ц. Зебра, потпишуваа примероци од познати дела и ги подаруваа на сите оние кои во тој период го посетија маркетот Тинекс или трговскиот центар Зебра. Авторите исто така приредија изненадување со шопинг - количката на мудрости за оние кои пазаруваа во супермаркетот Тинкес.
“Навистина е неочекувано додека пазарувам и ја погледнувам листата на намирници кои треба да ги купам, да ми пријде еминентен македонски автор, да ме праша за името и да ми подари книга со посвета. Едноставно супер изненадување од Тинекс’’, изјави еден од граѓаните случајни учесници во акцијата.
Проектот на Матица Македонска, „Читај повеќе – Читај насекаде!“ е првиот проект кој успеа да обедини голем број македонски компании околу една цел: да ја покажат својата одговорност кон општеството во кое делуваат, преку промоција на книгата, македонската литература и пред се македонските автори.
На саботната акција беа поделени повеќе од 500 наслови од македонски и странски автори.
Слично
