Економија, финансии, бизнис

Контакт

Porsche Road Show 2025– искуство што ја спојува иднината со страста за возењето

Porsche Road Show 2025– искуство што ја спојува иднината со страста за возењето

Изминатиот викенд, Porsche Macedonia и Porsche Center Skopje го организираа тридневниот Porsche Road Show, ексклузивен настан посветен на страста за возење, иновацијата и автентичното Porsche искуство. Настанот започна од Porsche Center Skopje, а возбудливата рута го водеше конвојот до живописната Трница во Маврово, низ патишта што совршено ја истакнуваат динамиката на секој модел.

Во конвојот од единаесет автомобили беа претставени најновите SUV и BEV модели, меѓу кои својата моќ и елеганција ја демонстрираа Cayenne S SUV, Cayenne S Coupé и Cayenne GTS Coupé – симбол на перформанси и практичност во премиум сегментот. Иднината на електричната мобилност беше претставена преку врвниот Taycan Turbo, кој ја отсликува визијата на Porsche за одржлива и динамична мобилност. Macan 4S, пак, покажа совршена рамнотежа меѓу секојдневна употребливост и спортски дух. Легендарниот 911 беше присутен преку 911 GTS и карактеристичниот 911 Targa 4 GTS, кои уште еднаш ја потврдија безвремената магија на најпознатата спортска икона.

Со концептот на BEV/SUV Road Show, Porsche Macedonia уште еднаш ја нагласи својата посветеност кон иднината на електричната мобилност, без компромис на страста, прецизноста и возбудата што го дефинираат брендот повеќе од седум децении.

Овој настан покажа дека Porsche е повеќе од автомобил – тоа е симбол на стил, иновација и начин на живот кој создава незаборавни моменти за сите што ќе го почувствуваат.

ПР објава

ГАЛЕРИЈА

Слично

Поврзани вести