Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешната келнерка сега раководи со компанија вредна милијарди

Поранешната келнерка сега раководи со компанија вредна милијарди
Поранешна келнерка во синџирот ресторани Hooters во САД успеа да се искачи пo корпоративните скалила и сега е претседател на компанијата Cinnabon иако уште не наполнила 35 години. Кат Кол работела во Hooters , компанијата позната по своите келнерки со кратки сукњи и оскудна облека, во период од речиси 15 години . Таа започнува со работа како келнерка, но конечно успева да се издигне до должноста потпретседател , пишува Bloomberg Businessweek . За последните десет години кои Кол ги минува во Hooters , компанијата се прошири од 100 објекти и 300 милиони долари во приходи до 500 локации во 33 земји и 1 милијарда долари приходи. Во меѓувреме Кол одлучи да го прифати новиот предизвик и денес е претседател на компанијатата Cinnabon која произведува колачи со  цимет. На Кол и се припишува заслугата за производите на компанијата кои во моментов да се продаваат по полиците на многу продавници и синџири за брза храна како Taco Bell . Глобалната продажба на Cinnabon се очекува да достигне 1 милијарда долари , во текот на оваа година. Кол започнува работа во Hooters на 16 година , за да и помага на разведената мајка со сметките. Според Businessweek,  таа не успева да заврши високото образование , бидејќи се вклучува со полна сила во експанзија на компанијата надвор од САД . Таа стои зад отворањето на првите ресторани Hooters ,а на 29 година Кол решава да заврши високо образование и магистрира на бизнис администрација . Покрај водечкиот статус во позната компанија Кол останува скромна . Таа и нејзиното долгогодишниот пријател живеат во скромна куќа од 280 квадратни метри во Атланта , изградена во 1968 година. Куќата е полна со слики , насликани од Кол, а во една од собите, пријателот ги чува своите ловечки пушки. Кол вози Mercedes стар девет години , а екранот на нејзиниот iPhone е напукнат .
Слично

Поврзани вести