Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради снегот, повторно затворени Стража и Маврово за камиони

Поради снегот, повторно затворени Стража и Маврово за камиони
Забраната за движење на тешки товарни возила е воведена на патните правци Гостивар - Крак Маврово – Крак Стража, а поради одрон и на патниот правец Дебар - Струга. Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови и по влажни коловози, особено во западниот дел од државата, каде се бележат врнежи од снег со среден интензитет.

Од АМСМ препорачуваат поголема внимателност на патните правци Дебар - Струга, Маврово - Дебар, Катланово - Велес и Демир Капија - Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Поради ниските утрински температури на повисоките и осојничави места можна е појава на голомразица.

 
Слично

Поврзани вести