Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБНОВЕНО:Поради снегот е забрането движење камиони на повеќе делници

ОБНОВЕНО:Поради снегот е забрането движење камиони на повеќе делници
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива отежнато и забавено во зимски услови, пo влажни и лизгави коловози, особено во западниот дел од државата каде се бележат врнежи од снег. Забрана за движење на тешки товарни возила е воведена на патниот правец Кичево - Македонски Брод - Прилеп од 08.45 часот изутринава, соопшти Автомото сојуз на Македонија. Во 08.00 ч. е воведена забрана за камиони преку планинскиот превој Плетвар, а претходно беа воведени и забрани за движење на тешки товарни возила на патните правци Гостивар - Стража - Кичево, Гостивар - Маврово - Дебар, Охрид - Буково - Ресен, Битола - Ѓавато - Ресен, Струга - г.п. Ќафасан и Росоман - Плетвар - Прилеп. Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива отежнато и забавено во зимски услови, по влажни и лизгави коловози, особено во западниот дел од државата каде се бележат врнежи од снег. Се препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар - Струга, Маврово - Дебар, Катланово - Велес и Демир Капија - Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Поради ниските утрински температури на повисоките планински и осојничави места има појава на голомразица.  
Слично

Поврзани вести