Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради празникот Ден на Албанската азбука ќе има измени на одредени линии во ЈСП

Поради празникот Ден на Албанската азбука ќе има измени на одредени линии во ЈСП

Во четврток (22.11.2018 год.) поради празникот Ден на Албанската азбука ќе има измени на одредени линии.

Еве кои се:

Линија број 11, 11а, 47а, 55, 55б, 70  ќе сообраќаат по неделен возен ред;
Линија број 18а ќе сообраќа по саботен возен ред;
Линија број 51 наместо во 5.00 ќе се вклучи во 6.30 од Студеничани и нема да го прави поаѓањата  од Студеничани во 6.15;
Линија број 51а нема да ги прави поаѓањата во 5,30 ; 6,20 и 20,10  од Морани и 19,15 од Тр.Центар;
Линија број 55в ќе ги прави само следните поаѓања Од Грушино во 7.35 и 16.45; а од Тр.Центар во 6.45 и 15.40;
Линија број 56 и 56а  ќе сообраќаат по саботен возен ред и прво вклучување ќе биде во 7.00 од Копаница потоа продолжува за Бојане и 7.00 од Транспортен Центар;
Линија број 64а нема да ги прави следните поаѓања Од Никиштани:  5.50; 12.40; 14.30 ; 16.20  а во 6,20 наместо од Никиштани ќе се вклучи од Орман и од Тр.Центар: 6.40; 13.40; 15.20;
Линија број 81 наместо 5.35 од Блаце ќе се вклучи во 5.50 од Горњани

Слично

Поврзани вести