Поради овие работи НЕ МОРАТЕ никому да му се правдате
Понекогаш работиме некои работи за да им погодиме на други. Дали ние после тоа добро се чуствуваме? Постојат работи кои не треба да ги работиме против себе. И не само тоа. Не треба поради тоа на некој да му се правдаме.
Популарниот блогер и психијатар Дејвид Вилијам на сајтот Lifehack.org наведува ситуации кои се само ваш, личен и интимен избор.
На никој не сте должни да му објаснувате односно на никој не мора да му се правдате поради...
-Својата животна ситуација
Без разлика дали повторно се гледате со поранешната сопруга или сопруг, или живеете со родителите иако поминавте 30 години, не морате никому да му објаснувате со кој живеете, а со кој не сакате да живеете. Ако сте свесни за својата ситуација, тоа значи дека имате свои причини да бидете во таа ситуација, и тоа не е туѓа работа.
-Свои приоритети
Сите сме единствени и сите имаме различни вредности, соништа и желби. Приоритетите се приватна работа.
-За тоа што не кажувате „да“ за се што ќе кажат другите
Имате право да кажете „не“ ако мислите така. Всушност најуспешните луѓе на светот се оние кои се мастери во уметноста на кажување „не“ на се што не им е приоритет.
-Својот физички изглед
Физичкиот изглед не треба да одредува како се преценувате себе и своите вредности
-Одредена храна која сакате или не ја сакате
Туѓите избори не треба да не териризираат
-Тоа што сте сами
Без разлика дали сте сами бидејќи се такви околностите или така сакавте, тоа никој не треба да го интересира. Да се биде сам не е пореметување. Слободни сме да бидеме во врска или не, да бидеме во брак или не...Изборот на ваш партнер исто така не треба никој да го интересира.
-Одлуки за тоа дали ќе имате деца или не
Тоа е лична одлука на која влијаат многу (субјективни и објективни) фактори, а кои не мора никому да му ги објаснувате. Другите едноставно треба да ја почитуваат вашата одлука.
