Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради неисплатено грозје лозарите најавуваат блокади

Поради неисплатено грозје лозарите најавуваат блокади

Лозарите уште не добиле пари за предаденото ланско грозје.

Оние кои родот го предале во неготинската визба „Повардарие“ најавуваат блокирање на патни правци од понеделник, со цел надлежните институции во државата да слушнат за проблемот со кој се соочуваат и немаат заштита од никого. Велат дека нивната егзистенција е загрозена.

„Се наближува нова берба, а се уште има лозари кои не можат да си го наплатат старото грозје од винариите“ -велат лозарите.

Објаснуваат дека досега напразно барале помош од повеќе локални и државни институции. Се обратиле до МЗШВ, Министерството за финансии, градоначалниците на Неготино и Кавадарци и до пратениците од овој крај.

Слично

Поврзани вести