Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради микробиолошко загадување се повлекува лекот „Фервекс“

Поради микробиолошко загадување се повлекува лекот „Фервекс“
Се повлекуваат дел од производите Фервекс од аптеките. Според денешниот допис од Бирото за лекови, стигна ваква препорака откако тие претходно биле контактирани од компанијата Фармасвис ДООЕЛ, која е застапник на производителот „Bristol-Myers Squibb“- Франција дека одлучиле превентивно да ги повлечат сите серии од производот „Fervex“ за возрасни со шеќер, гранулите за перорален раствор (во ќесички). Во аптеките останува „Fervex sugar free“ (гранули за перорална употреба без шеќер)бидејќи производителот посочил дека нема сомневања за нивниот квалитет. Од Бирото за лекови посочија дека повлекувањето е превентивна мерка додека трае испитувањето на сите лотови на производот „FERVEX®ADULT RASPBERRY“, кој не е регистриран во Македонија, па со тоа го нема на продажба во нашите аптеки. Производителот пак соопшти дека залихата од сите серии на производот е повлечена од магацините, а сега се повлекуваат и лековите кои стигнале на полиците од аптеките. Според нивните сознанија лекот се повлекува поради микробиолошкото загадување, забелажано кај два лота од производите.
Слично

Поврзани вести