Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради Македонија нема да игра на Светското фудбалско првенство

Поради Македонија нема да игра на Светското фудбалско првенство

Поради петнаесетина минути одиграни против Македонија во дресот на Шпанија, ФИФА не му дозволува на талентираниот фудбалер на Барселона, Мунир Ел Хадади, да ја промени репрезентацијата и да го облече дресот на Мароко на Светското првенство во Русија.

Мунир е роден во Шпанија, но има потекло од Мароко и оваа селекција посакуваше тој да настапи за нив на Светското првенство во Русија бидејќи одамна не е во плановите на Шпанците.

Но проблем е настапот на Мунир за Шпанија, тој на 8. септември 2014 година на мечот кој фуријата го играше против Македонија во игра влезе во последните петнаесетина минути. Тоа беше негов единствен настап за Шпанија поради кој не може да ја промени репрезентацијата.

Мароко и Мунир се жалеа на одлуката на ФИФА, но Арбитражниот суд во Лозана ги одби, па тој нема да може да настапи на Мундијалот во Русија поради минутиите кои ги одигра со Македонија.


Слично

Поврзани вести