Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради автотрка автобусите викендов ќе возат вака

Поради автотрка автобусите викендов ќе возат вака

Поради одржување на кружна автотрка пред МРТ во деновите сабота 17.11.2018 г. и недела 18.11.2018 г. во периодот од 6 до 15 часот за сообраќај ќе биде затворен дел од бул. Гоце Делчев и ул.Беласица и тоа од вкрстувањето со бул.Крсте Мисирков па до Хотел Континентал.

Поради тоа корисниците на јавниот превоз кои ги користат линиите 12 и 73 ги информираме дека во посочениот период наместо на Скопски саем за крајна постојка ќе треба да ја користат постојката  Бит пазар -Универзитет Св.Кирил и Методиј ( постојка за линија бр. 57), а за почетна постојка Бит пазар 5-ТЦ.Мавровка ( постојка за линија бр.2).


Слично

Поврзани вести