Попусти до 70 отсто и новогодишни подароци во Рамстор!
Со приложена сметка од 2.000 денари или над оваа сума, направена во Рамстор мол или во супермаркетот Рамстор-Вардар, посетителите на овој трговски центар ќе можат да добијат една од 6.000 вредни награди во новогодишната кабина за подароци. Наградната игра ќе се одвива овој и следниот викенд, од 12 до 20 часот, а во пресрет на Новата година.
„Сите знаеме дека овој период од годината сакаме да купиме некое ново парче облека или да ги изненадиме нашите најблиски. Затоа одлучивме покрај попустите што ги нуди секоја продавница во Рамстор мол, да им се заблагодариме на нашите потрошувачи наградувајќи ги со подарок”,велат од Рамстор Мол.
Според најавите во сите продавници на Рамстор ќе има попустите и до 70 отсто во деновите пред Нова Година.
Слично
