Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поплавени повеќе станови во Охрид

Поплавени повеќе станови во Охрид
Повеќе станови во  Охрид се поплавени по пукање на цевка од главниот цевковод. Дефектот се случил во населбата Охридати, а уништени се станови кои се наоѓаат на приземје. Станува збор за пукната цевка со профил ф-300, при што од силината на излеаната вода на местото на дефектот е направен длабок кратер на улицата „АСНОМ“. Во овој дел на Охрид денеска, поради безбедност беше исклучена струјата, а екипи на Водовод се на се обидуваат да го санираат проблемот. Вчера пак во силното невреме, со дожд и ветер, високите бранови од езерото се излеаја на крајбрежјето поплавувајќи повеќе улици во центарот. Фото: Охридњуз
Слично

Поврзани вести