ПОНУДА КОЈА НЕ СЕ ОДБИВА: Изнајмете си приватен остров за 495 долари
Многумина идеалниот одмор го замислуваат далеку од градот, гужвите и луѓе, па осамен приватен остров им изгледа како идеална дестинација. Иако многумина не се во можност тоа да си го дозволат, постои едно место неверојатно пристапно, кога се работи за цената.
Местото нарекувано Брд Ајланд кое му припаѓа на Белизе е можно да го изнајмите за 495 долари по пат на сајтот Airbnb. Во однос на хотелското сместување, голема е разликата, ако се зема предвид дека се работи за приватен остров кој ви е целосно на располагање, многу е поволно.
На гостите им се на располагање три спални соби и едно купатило, а како најубавото место Пласенсија е оддалечено 20 минути, гостите ќе може да уживаат во целосна приватност. Во описот на понудата е назначено дека превозот до островот од Пласенција е овозоможен, но дека храната не е вклучена во цената освен поедини зачини.
Исто така оние кои се одлучат за одмор на овој остров помеѓу остантото ќе имаат на располагање два кајаци, плажа и скара. Она што е важно е дека местото може да се резервира минимум четири дена, но не може да се остане повеќе од седум.
