Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поништен тендерот за ФК Брегалница, се бара странски инвеститор

Поништен тендерот за ФК Брегалница, се бара странски инвеститор

Една понуда пристигнала на јавниот повик за продажба на фудбалскиот клуб Брегалница од Штип. На денот кога требаше да бидат отворени понудите, Општината Штип одлучи да го поништи тендерот и уште веднаш распиша нов. Според објаснувањето од Општината, тендерот требало да биде меѓународен, со објава во странски медиум, односно идејата била да привлечат странски инвеститори, јави Мета.

Отворањето на понудите имаше голем интерес од јавноста по инцидентот во кој дојде до физичка пресметка меѓу член на управата на клубот и тренерот Јуксел Јесилова, зад кој стои заинтересиран инвеститор од Туција. Во саботата по натпреварот меѓу „Брегалница“ и „Работнички“, Јесилова добил ултиматум со закана дека има 48 часа да го напушти Штип. Јесилова веднаш заминал во странство.

Во меѓувреме, добиена е потврда за единствена понуда која е од турските инвеститори, како и тоа дека Јесилова се враќа утре во Штип, а со него ќе дојдат и заинтересираните турски инвеститори.


Слично

Поврзани вести