Економија, финансии, бизнис

Контакт

Помогнете им на соседите со само еден повик

Помогнете им на соседите со само еден повик
Црвениот крст на Македонија информира дека парична помош може да се уплати на жиро сметка – Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка. Отворени се и посебни телефонски линии 075/070/077 143 400 на кои граѓаните со секој повик можат да донираат по 100 денари. Собирен пункт, пак, за хуманитарна помош во Скопје е магацинот на Црвениот крст во Момин Поток, на адреса ул.Момин Поток бб, тел. 3096227. На локално ниво помошта може да се донира и во општинските организации на Црвеиот крст надвор од Скопје. Црвениот крст на Македонија ќе испрати и екипи и опрема за спасување во поплавените подрачја во Србија и во Босна и Херцеговина. Веќе им е понудена помош во гумени чамци, спасители, тим за проценка за хуманитарните потреби на населението и станица за прочистување на вода. Во моментот населението во поплавените делови на Србија и БиХ има потреба од храна, средства за хигиена, нова облека и обувки, ќебиња, бебешка храна, вода за пиење. Црвениот крст ги повикува компаниите и хуманите граѓани да се вклучат во апелот за помош на настраданото население. Хуманитарната акција започнува од денеска и ќе трае до 31 мај. За текот и резултатите од акцијата јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана. Помош за повредените организираат и сите општини во Скопје, кои истата ја собиораат во општинските простории.
Слично

Поврзани вести