Половина милион Македонци „во трка“ за стан или дуќан
Речиси 500.00о пликоа пристигнале на адресата на Државна лотарија на Македонија за наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“. Рокот за испраќање на фискалните сметки истекува вечерва на полноќ.
Првото извлекување ќе се одржи утревечер во 20 часот на македонската телевизија.
Услов за учество во наградната игра се собрани 20 фискални сметки, издадени по 15-ти ноември.
Наградата започна на први декември. Извлекувањето ќе биде во девет кола.
Главни награди се стан и дуќан во Скопје, а секои 45 дена ќе се доделуваат автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони и ЛЦД телевизори.
Слично
