Полесен пристапот до едукација и вработување за младите од Скопски плански регион
Со потпишување на Меморандум за соработка меѓу членовите на невладината Млади инфо фејс-МК и челниците на Советот и Центарот за развој на Скопскиот плански регион , треба да им се помогне на младите полесни да се едуцираат, информираат и вработуваат.
Како што појасни Антоанета Иванова, претседател на НВО Млади инфо фејс-МК, проектот е добиен од страна на Центарот за институционален развој - ЦИРа кој ги администрира грантовите од Швајцарската агенција за развој. „Висината на грантот со кој ќе се спроведуваат активностите е околу 3 милиони денари кои ќе бидат инвестирани за јакнење на капацитетите на младите од Скопскиот плански регион. Сите активности ќе се спроведуваат во текот на целата година, од февруари до декември со надеж дека ќе продолжиме и следните години“, рече Иванова.Според програмата, планирано е најмалку 300 млади да поминат преку овие обуки, волонтерски позиции и активности кои се предвидени. Со промотивните кампањи како дел од проектот, потенцира Иванова, целна група се околу 5.000 млади луѓе кои преку средства за масовна комуникација ќе добијат информации за се она што ќе се спроведува.
Наскоро ќе биде објавен повик на кој младите ќе треба да се пријават.
Слично
