Полека се искоренува бруцелозата од Македонија
Во Македонија годинава биле евидентирани 112 грла добиток болни од бруцелоза и вкупно 57 лица што е драстично намалување од периодот до 2006 кога бројките беа 19.000 овци и кози, како и 900 луѓе, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
За директорот на Агенцијата Дејан Рунтевски, клучно за превенцијата и искоренувањето на болеста е вакцинацијата на добитокот, возрасните грла и подмладокот, што масовно почна од 2008 година, но и идентификацијата на животните која овозможи следење на нивното движење.
„За само четири години резултатите ги надминаа нашите очекувања. Во следниот период сметаме дека ќе продолжи опаѓањето на бројката заболени и дека целосно ќе се искорени бруцелозата кај животните и луѓето“, истакна Рунтевски,
Како што истакна тој, Агенцијата ја смени стратегијата што се применуваше во 2006 година и која, која давала слаби резултати, а со последнте активности освен што е редуцирана болеста, намалени се и трошоците, па заштедата достигнува до два милиони евра.
Слично
