Економија, финансии, бизнис

Контакт

Покриен базен и ски центар на Галичица – побара добитникот на Светиклиментовата награда во Охрид

Покриен базен и ски центар на Галичица – побара добитникот на Светиклиментовата награда во Охрид
Синоќа во Охрид се одржа Свечената академија по повод Свети Климент Охридски, кој се смета за патрон на градот. За време на свеченоста доделени беа највисоките општински награди и признанија. Наградата за животно дело „Свети Климент – Патрон на градот“ отиде во рацете на професорот и доајенот на охридското и македонското пливање, Александар Леко Радиќ. „Светиклиментовата награда е за мојата душа и живот оставени на среде езеро, меѓу охридските бранови. Таму, меѓу езерското синило остана мојата младост и целиот мој живот,“ изјави Радиќ кој потсети на бројните пливачи од Македонија кои дале белег во овој спорт. Притоа,  пред присутните побара две работи , Охрид да добие покриен базен и да се направи Скијачкиот центар на Галичица. Ова според Радиќ, ќе придонесе за развој на севкупниот спортски живот во овој град. Наградите во Центарот за култура „Григор Прличев“ ги додели градоначалникот Никола Бакрачески. Светиклиментовите повелби за 2013 година, беа доделени на фотографот Стојан Стојаноски и младата певица Миланка Новеска.
Слично

Поврзани вести