Економија, финансии, бизнис

Контакт

Покрај викендите, уште три неработни денови има во август

Покрај викендите, уште три неработни денови има во август
Три неработни денови како државни празници има во месец август. Како што информираше Министерството за труд и социјална политика, согласно Законот за празници, 2 август  (петок) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Од Министерството за труд и социјална политика им го честитаа  Денот на Републиката на граѓаните. Според календарт на неработни дениви, се празнува и  8 август ( четврток), првиот ден на Рамазан Бајрам. Исто така за граѓаните од православна вероисповед, за неработен ден е прогласен 28 август  (среда) поради православниот празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.
Слично

Поврзани вести