Економија, финансии, бизнис

Контакт

Покрај „малиот шенген“ Србија предлага заеднички таг за плаќање на патарините во трите земји

Покрај „малиот шенген“ Србија предлага заеднички таг за плаќање на патарините во трите земји

Министерката за транспорт на соседна Србија, Зорана Михајловиќ, изјавила дека не постои современ развој на регионот со гледање во „очите на минатото“ и дека создавање „мал шенген“ меѓу Србија, Македонија и Албанија значи развој и стабилност на регионот.

Михајловиќ за Радио-телевизија Србија изјавила дека иницијативата на „малиот шенген“ е иницирана од српскиот претседател Александар Вучиќ и дека иницијативата постои веќе некое време.

Таа оценува дека ова е иницијатива што може да биде добра за сите споменати земји и дека не станува збор за новата Југославија, туку за чисто економските интереси на сите земји, имено отстранување на царината и трговските бариери.

„Ако сме мали, ајде тогаш да се здружиме економски“, рекла Михајловиќ, додавајќи дека овие земји се исто така во добра гео-стратешка позиција.

Таа истакна дека Србија, Македонија и Албанија заедно имаат бруто домашен производ од 80 милијарди американски долари, а со Црна Гора, Босна и Херцеговина 100 милијарди.

„Ова значи дека заедно произведуваме 40 пати помалку од Германија и 30 пати помалку од Франција. Србија ги има сите предуслови за економски развој и регионалната интеграција е од економско значење за нас“, кажала Михајловиќ.

Таа исто така потенцирала дека создавањето на „малиот шенген“ за Србија, исто така, значи пристап до грчките и албанските пристаништа и дека тоа е важно за Србија.

„Ние правиме се што можеме за луѓето да живеат подобро тука“, рече Михајловиќ за РТС, додавајќи дека затоа е неопходно да се отстранат бариерите меѓу земјите.

Таа посочува дека ова е само почеток и дека следниот чекор ќе бидат разговори со Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Михајловиќ предложила како една од идеите за поврзување на „малите шенген“ земји да биде заеднички таг за плаќање патарина во трите држави и оцени дека може да биде следната година ако сега би можеле да се договорат за идејата.

А што кажа Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески за идејата на Вучиќ читајте тука.

Слично

Поврзани вести