Економија, финансии, бизнис

Контакт

Покемон во бројки: Епл заработи 1,6 милиони долари и …

Покемон во бројки: Епл заработи 1,6 милиони долари и …

До која мера корисниците се залудени со играта „Pokemon go“ можеби најдобро покажува извештајот на компанијата „Sensor Tower“.

Компанијата пресметала дека „Pokemon go“ донел приход од 35 милиони долари и тоа само за првите две недели од лансирањето.

Во извештајот се наведува дека „Pokemon go“ апликацијата е превземена повеќе од 30 милиони пати и дека донела приход од 35 милиони долари. Ако на тоа се додаде фактот дека играта не е достапна во цел свет (денес дури стигна во Јапонија) јасно е колку е импресивен овој резултат.

Се покажа дека на Покемони најмногу пари трошат Американците и тоа околу 1,6 милиони долари на дневна база. И да, тоа се однесува само на корисниците на „ајфон“. Така што Епл има корист од Покемон и тоа како. Играта може да се симне бесплатно, но корисниицте на ајфон може да искористат „PokeCoins“ за купување на додатни функции, така што Епл понатаму би можел да инкасира три милијарди долари од лудницата која владее за Покемони во наредните година до две, бидејќи играчите купуваат најмногу парички во Епл продавницата.

Пакет од 100 парички чини 99 центи, но неговата дена може да оди и до 99,99 долари за пакет од 14.500 парички.

7,5 милиони се преземени преку андроид и  iOS.

Кога почнат да бараат покмони и во другите земји, замислете колку заработка некои ќе добијат.

Секако, веројатно ќе се појават и многумина кои ќе се обидат да направат нешто слично.

Слично

Поврзани вести