Поголема моќ и интелигентна интеракција – запознајте ги новите Galaxy S25 и Galaxy S25+
Samsung ја воведе новата ера на мобилната технологија со новата серија Galaxy S25. Моделите Galaxy S25 и Galaxy S25+, создадени за оние кои бараат максимална брзина, интелигентна интеракција и интуитивно корисничко искуство. Со најновиот Snapdragon® 8 Elite за Galaxy чип, специјално оптимизиран за овие уреди, се осигурува брзо процесирање, висока моќ и одлична енергетска ефикасност – идеално за мултитаскинг, тешки апликации и најнови видеоигри.

Со новиот One UI 7, интеракцијата со телефонот станува природна и персонализирана. Функции како Now Brief ви нудат моментален преглед на клучните информации од вашиот ден, додека Пребарување со заокружување Circle to Search автоматски ги препознава телефонските броеви, е-пошта и URL адреси за моментален пристап до вашите омилени апликации. Алатките како Помош за пишување Writing Assist и Помош за транскрипт Transcript Assist ги организираат вашите текстови и повици, олеснувајќи го управувањето со податоците и го оптимизираат секојдневниот работен процес.

Дополнително, вашите лични податоци остануваат целосно безбедни благодарение на Galaxy AI и Personal Data Engine. Овој систем ги шифрира и обработува податоците директно на уредот, осигурувајќи дека нема неовластен пристап од други апликации.

Дизајнирани да бидат не само функционални, туку и стилски, Galaxy S25 и Galaxy S25+ се зајакнати со издржливи материјали како Armor Aluminum рамка и Corning® Gorilla® Glass Victus® 2, со сертификат IP68 за отпорност на вода и прашина – уреди кои се спремни за секоја авантура.
Изберете го вашиот идеален модел: Galaxy S25 со компактен 6,2-инчен екран и батерија од 4.000 mAh, или Galaxy S25+ со поголем 6,7-инчен екран и издржлива батерија од 4.900 mAh, достапни со соодветни мемориски опции за вашите потреби.
Со Galaxy S25 и Galaxy S25+, добивате мобилни уреди кои ги комбинираат врвните перформанси, иновативните AI функции и елегантниот дизајн за да го подигне вашето мобилно искуство на сосема ново ниво. Веднаш можете да го нарачате својот нов Galaxy S25 илиGalaxy S25+ и да бидете дел од иднината на мобилната технологија со уред што комбинираат моќ, интелигенција и продуктивност за да ги подобрат вашите секојдневни искуства.
пр објава