Подобрени условите во Посебното основно училиште Иднина, донација од Неотел
Подобрени услови и комплетно молерисување на просториите, училниците, ходниците, ентериерот и помошните простории, доби Посебното основно училиште Иднина, донација од телекомуникацискиот оператор, Неотел. Во просториите на училишната зграда, во безбеден и убаво уреден објект, учениците организираа и приредба во чест на својот донатор.
Претставниците на компанијата и вработените, присутни на настанот, посетата на училиштето ја искористија и како повод за дополнителна донација за децата, штитеници на училиштето. „Со целата активност под која се обединија сите вработени при изборот на ова училиште за нашата донација, добивме искрени пријатели што уште еднаш нè увери дека како компанија, можеме да придонесеме за подобрување на животите на другите, за заедницата, за посреќни детски животи. Да се биде денес тука има непроценливо значење затоа што, искрените емоции на лицата на овие деца и благодарноста што ја искажуваат, е важна лекција за секој поединец и посебно компанија што работи во истата оваа заедница“, изјави Трајче Черепналковски, Генерален директор на Неотел.
Во училиштето се згрижени околу 115 деца, a училишниот објект лоциран во Општина Чаир е изграден во 1963 година и располага со капацитети за едукација и подобрување на физичката и менталната состојба на децата од основно училиште кои се со посебни потреби.
