Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подгответе се за огласите за “Купи куќа-купи стан“

Подгответе се за огласите за “Купи куќа-купи стан“

Фактор  Ви дава преглед на јавните повици за пријавување на граѓани кои сакаат да  добијат од Владата субвенциониран станбен кредит за проектот “Купи куќа-купи стан“.

Според податоците од Службениот весник на Македонија, првиот оглас годинава ќе трае од 2 јануари до 15 февруари, вториот јавен повик ќе трае од 16 февруари до 31 март, третиот од 1 април до 30 април и четвртиот јавен повик, според Министерството за финансии треба да трае од 1 мај до 31 мај 2013 година. Граѓаните ќе можат да се пријават за еден од двата модели - „Половина рата“ или  за „Половина учество“.

Според моделот „Половина рата“, Владата ќе плаќа половина од месечната рата (главница и камата) во првите 5 години од отплатата на кредитот. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува 4,99% за првите три години и 5,5% за четвртата и за петтата година од отплатата. За моделот  „Половина учество“пак, Владата се обврзува да плати 50% од учеството за кредит за купување стан или за изградба на куќа, или најмногу до 6.250 евра за кредит од 50.000 евра. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува ЕУРИБОР + 4,5% поени во текот на целиот период на отплата. Според информациите, Владата до сега субвенционираше во станбени кредити од вкупно 3,5 милиони евра за проектот “Купи куќа-купи стан“.

Слично

Поврзани вести