Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подарете од 1000 до 60 000 денари преку „Гифт кард“ на Еуро стандард банка

Подарете од 1000 до 60 000 денари преку „Гифт кард“ на Еуро стандард банка
Еу­ро­стан­дард бан­ка кре­и­ра­ше по­себ­на кар­тич­ка на­ре­че­на „Гифт кард“, ко­ја е не­пер­со­на­ли­зи­ра­на пла­теж­на кар­тич­ка, на­ме­не­та за да­ру­ва­ње на најб­ли­ски­те, на род­ни­ни и на при­ја­те­ли. Ку­пу­ва­чот на кар­тич­ка­та го из­би­ра па­рич­ни­от из­нос, а ко­рис­ни­кот го би­ра по­да­ро­кот по свој вкус, из­но­сот што мо­же да се по­да­ри е од 1.000 де­на­ри до 60.000 де­на­ри. Оваа кар­тич­ка е за еднократна употреба. Ова е прв пат во Ма­ке­до­ни­ја да се промовира ваква картичка, а мо­же да се ко­ри­сти во си­те про­дав­ни­ци, ка­ко и на бан­ко­ма­ти­те. По­да­рок-кар­тич­ка­та е до­стап­на во че­ти­ри  мо­де­ли, кои по­тсе­ту­ва­ат на кон­крет­ни­ при­го­ди, ка­ко што е вен­ча­вка, ро­ден­ден, ма­ту­ра, од­нос­но дип­лом­ска и ед­на по­ве­ќе­на­мен­ска кар­тич­ка со уни­вер­за­лен ди­зајн, кој мо­же да се по­да­ри во раз­лич­ни при­го­ди. - По­да­рок-кар­тич­ка­та (Гифт кард) на Еу­ро­стан­дард бан­ка прет­ста­ву­ва единс­твен про­из­вод во де­лот на пла­теж­ни­те кар­тич­ки, ка­ко за са­ма­та бан­ка, та­ка и за сег­мен­тот кар­тич­но ра­бо­те­ње на па­за­рот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. На па­за­рот мо­же да срет­не­ме раз­лич­ни ти­по­ви на ко­брен­динг кар­тич­ки или кар­тич­ки за ло­јал­ни кли­ен­ти и ос­нов­на­та раз­ли­ка е што По­да­рок-кар­тич­ка­та на Еу­ро­стан­дард бан­ка е не­на­мен­ска и не го огра­ни­чу­ва крај­ни­от по­тро­шу­вач ка­ко и ка­де да ги иско­ри­сти по­да­ре­ни­те средс­тва – ве­ли Го­ран Јо­си­фов­ски, ди­ре­ктор на Цен­та­рот за мар­ке­тинг и раз­вој на но­ви про­из­во­ди на Еу­ро­стан­дард бан­ка. Кар­тич­ка­та мо­же да се на­ба­ви на ко­ја би­ло екс­по­зи­ту­ра на Еу­ро­стан­дард бан­ка.  
Слично

Поврзани вести